Договорено името на главниот „прислушкувач“ во Македонија
Зоран Ангеловски е консензуално избран за нов директор на Оперативно техничката агенција (ОТА), која ќе работи со опремата за прислушкување во Македонија и ќе ги следи комуникациите.
Извори од Комисијата за избори и именувања за медиуми откриваат дека власта и опозицијата постигнале договор пред гласањето во Собранието
Ангеловски конкурираше со уште 13 кандидати за оваа функција.
Се очекува името да биде официјализирано по завршувањето на денешниот меѓупартиски состанок во законодавниот дом.
Слично
