Економија, финансии, бизнис

Контакт

Договорена средба Мицотакис - Заев

Договорена средба Мицотакис - Заев

Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, и шефот на македонската Влада, Зоран Заев, ќе се сретнат на маргините на Самитот Солун 2019. Станува збор за билатерална средба на маргините која е потврдена од грчката владина служба.

Се очекува средбата да се реализира на 14 или 15 ноември, односно во периодот додека трае самитот. Покрај Заев, Мицотакис ќе има состанок и со бугарскиот колега Бојко Борисов.

Откако дојде до промена на власта во Грција, Мицотакис до сега се има сретнато само еднаш со Заев во Њујорк во рамки на Генералното собрание на ОН.


Слично

Поврзани вести