Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ СЕ КУПАТ 100 НОВИ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА - решен и проблемот со паркингот на Клинички

ЌЕ СЕ КУПАТ 100 НОВИ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА - решен и проблемот со паркингот на Клинички

Нови 100 амбулантни возила вредни 7,5 милиони евра треба да бидат набавени за македонското здравство, одлучи Владата на вчерашната седница. Воедно договорено е дека паркингот на Клинички ценатар да биде запишан како државно земјиште, со што ќе се постпише договор со ЈП „Градски паркинг“ за соработка.

За набавката на новите амбулантни возила на социјалните мрежи објави министерот за здравство. Азир Алиу, кој потенцираше дека со ова ќе има подобра покреност. 

- Ова ќе значи побрза и поефикасна интервенција во итни случаи, навремен транспорт на пациенти до секундарно и терциерно ниво, подобра покриеност во урбаните и во руралните средини“, напиша министерот за здравство Азир Алиу на својот Фејсбук профил.


Алиу информираше и за другата одлука поврзана со здравствениот систем. Владата одлучи паркингот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ да биде запишан како државно земјиште со што веќе нема правна пречка Клинички да потпише договор со ЈП „Градски паркинг – Скопје“.

- Со овој договор ќе се овозможи модернизација и значително зголемување на капацитетите за паркирање, но и воспоставување ред. Предвидуваме комплетен мониторинг на паркирањето, информативни табли и дигитален водич што ќе ги насочува граѓаните. Целта која ќе ја постигнеме ќе биде пациентите и вработените да имаат функционален, безбеден и организиран пристап до комплексот клиники - истакнува министерот Алиу.


Слично

Поврзани вести