Економија, финансии, бизнис

Контакт

Договор за уште еден екоавтобус

Договор за уште еден екоавтобус

Низ улиците на главниот град патници ќе превезува уште еден екоавтобус, откако ЈСП Скопје потпиша договор со компанијата „Ман импортертер Македонија“, за негово пробно користење.

Свои потписи на договорот ставија Кристијан Чушков, директор на ЈСП, и Ивица Вилјац, директорот на „МАН импортер Македонија“, кој информира дека овој автобус е осма генерација ЦНГ МАН-автобус. 

Новиот автобус е од типот „лајонс сити A21“, користи природен компримиран гас и има капацитет за превоз на 85 патници. Станува збор за енергетски ефикасен автобус, кој троши минимално количество гас. Особена карактеристика за овој тип автобус е дека незначително испушта јаглероден диоксид и ПМ-честици. Автобусот е веќе пуштен во сообраќај и вози на линијата со број 5. Ваков вид екоавтобуси веќе се застапени на скопските улици и сообраќаат на линиите 5 и 2.

Градот Скопје од буџетот за годинава предвидува субвенции за набавка на екоавтобуси во висина од 100 милиони денари, а за приватни превозници во висина од 20 милиони денари.


Слично

Поврзани вести