Договор за СЈО нема, судбината им виси на конец
Нема договор меѓу партиите за законот кој ќе ја одреди судбината на СЈО. Со префрлањето на предметите и обвиненијата од СЈО во ЈО, законот повеќе не е итен. Министерката за правда Рената Дескоска била изненадена од писмото на обвинителката Катица Јанева од Шутка.
Од ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија власта за координиран план со цел да продолжи политичкиот прогон врз опозицијата. Тие сметаат дека писмата не се иницијатива само на Јанева.
Наредната недела работните групи повторно ќе се обидат да постигнат компромис за законот, а во разговорите не е исклучена можноста да бидат вклучени и лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.
Слично
