Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОГОВОР ЗА ИЗБОРИ НЕМА: Двајцата лидери се договориле да ја продолжат комуникацијата

ДОГОВОР ЗА ИЗБОРИ НЕМА: Двајцата лидери се договориле да ја продолжат комуникацијата

На денешната средба не беше постигнат договор за определување датум за парламентарните избори.

На покана на шефот на државата,  Стево Пендаровски, вечерва во „Вила Водно“ се одржа средба со лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Од кабинетот на Пендаровски информираат дека на средбата станало збор за различни аспекти на изборниот процес, при што и двете страни понудиле аргументи во прилог на нивните позиции.

Двајцата лидери се договориле да ја продолжат комуникацијата меѓу себе.

Средбата траеше скоро три часа. 

Слично

Поврзани вести