Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОГОВОР ИМА, ЗА ДЕТАЛИТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ: Заев, Села и Гаши се договорија за државјанствата

ДОГОВОР ИМА, ЗА ДЕТАЛИТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ: Заев, Села и Гаши се договорија за државјанствата

Има решение за Законот за државјанства, но детали засега не се соопштуваат. 

Премиерот Зоран Заев и лидерите на опозициските албански политички партии Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши на средбата во Собрание постигнаа договор, но детали ќе се соопштат откако ќе се стави на хартија предлогот со точни правни формулации.

„Ова што го договоривме ќе го ставиме на хартија, бидејќи има и правни формулации, за потоа да можеме и да ги соопштиме и самите детали“, изјави Заев. 

На законското решение ќе се работи веднаш. На средбата присуствуваа и министерот и заменик-министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Назим Буши, пратеничката Илире Дути од Алијанса за Албанците,  и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа, кој е кадар на партијата БЕСА. Претходно, споменатите партии ја блокираа работата на Собранието, со барање да се најде решение и за државјанствата. За тоа колку граѓани има во земјава кои се без државјанство, се споменуваа различни бројки. 

За граѓаните кои немаат државјанства, со став деновиве излезе Хелсиншкиот комитет за човекови права (ХК). Тие подготвија правно мислење во однос на бездржавјанството, со осврт на Законот за државјанството, Законот за странците и Законот за неевидентираните лица во матичната книга на родените.

Слично

Поврзани вести