Економија, финансии, бизнис

Контакт

Додевски за прв пат нема да го брани Груевски, туку ќе сведочи

Додевски за прв пат нема да го брани Груевски, туку ќе сведочи

Никола Додевски како главен адвокат на Никола Груевски но, и на речиси сите осомничени од СЈО, за прв пат нема да го брани екс премиерот, туку ќе сведочи во постапката за случајот „Талир“ која е поведена за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ и финансиски злоупотреби.

Додевски во овој случај ќе биде повикан за сведок и затоа нема да може да ги брани не само Груевски, туку и Мартин Протоѓер, Илија Димовски, Емил Димитриев, Кирил Божиновски и останатите шестмина осомничени за перење на 4,9 милиони евра.

Специјалното обвинителство потврди за СДК.мк, дека Додевски ќе биде повикан за сведок во овој случај, но не кажуваат во какво својство.

Додевски, кој е и претседател на Адвокатската комора на Македонија, од првата отворена истрага на СЈО „Титаник“ до сега, е адвокат на сите осомничени во сите случаи што ги отвори обвинителството предводено од Катица Јанева.


Слично

Поврзани вести