Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доделени 50 решенија за легализација во Кисела Вода

Доделени 50 решенија за легализација во Кисела Вода

Нови 50 решенија за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, денеска беа доделени во општина Кисела Вода.

Решенијата ги врачи градоначалничката Билјана Беличанец - Алексиќ која ова го прави по вторпат откако ја презеде функцијата.

-  Воспоставувањето урбанистички ред и успешно заокружување на процесот на легализација на дивоградбите во општина Кисела Вода претставува заеднички интерес за сите нас, рече Беличанец-Алексиќ.

Во Општина Кисела Вода во административна постапка се 4.954 предмети, а 5.295 се незапочнати, односно се со нецелосна документација.

Слично

Поврзани вести