Економија, финансии, бизнис

Контакт

Водоводните претпријатија се караат, Кумановци немаат вода за пиење

Водоводните претпријатија се караат, Кумановци немаат вода за пиење

Нема воза да пиење за граѓаните кои живеат во повисоките зони на Куманово. Како што информираше директорот на „Водовод“ Виктор Божиновски, дотурот на вода од акумулациите Липково и Глажња од 210 е намален на 160 литри вода во секунда.

„Повторно е доведено во прашање водоснабдувањето на дел од граѓаните од општината. Денеска се обративме до двете надлежни министерства за земјоделство, шумарство и водостопанство и за животна средина и просторно планирање и апелиравме согласно нивните ингеренции да помогнат во решавање на овој проблем“, изјави Божиновски.

Божиновски посочи дека од Водостопанство „Кумановско–Липковско поле“ ја зголемиле цената за испорачаната вода до филтер станицата која сега изнесува 5,2 денари по метар кубен. Тој нагласи и дека има делумна блокада од Водостопанство по основ на застарен долг.

Се жалат и од  Водостопанство

Од Водостопанство „Кумановско-Липковско поле“ пак информираа дека три месеци немаат добиено средства од „Водовод“.

„Директорот на „Водовод“ не сака да поптише договор. Вработените од Водостопанство, од петок наваму, на сопствен трошок ги обавуваат работните задачи затоа што последниве три месеци „Водовод“ не ја плаќа дистрибуцијата. Водостопанство нема мининмални услови за вршење на својата законска дејност, бидејќи наш најголем корисник е комуналното претпријатие“, изјави директорот на Водостопанство Филип Филиповски.

Филиповски, посочи дека „Вододод“ на Водостопанство му должи 57 милиони денари по основ на пресуди од кои сите не се правосилни.

Слично

Поврзани вести