Економија, финансии, бизнис

Контакт

Додека се крчка владата, Иванов во Москва прима награда

Додека се крчка владата, Иванов во Москва прима награда

Претседателот Ѓорге Иванов стигнал во дводневна посета на Москва каде што ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин.

Иванов денеска ќе ја прими наградата „Неговата светост на партијархот московски и на цела Русија Алексеј Втори“ која ќе му ја врачи рускиот патријарх Кирил на свеченост во храмот Христос Спсителот во Москва.

Таа награда за Иванов претставува признание за неговото залагање зајакнење на меѓуправославните односи, улогата на религијата во општеството и воспоставување и јакење на принципите на верска толеранција, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот.

Наградата ја  доделува Меѓународната општествена фондација за единство на православните народи и за утврдување и промовирање на христијанските вредност во општеството.

Наградата за 2016, покрај Иванов, добија и поглаварот на Коптската црква патријархот Тавадрос Вторти и градоначалник на Москва Сергеј Собјанин.

Претседателот Иванов денес ќе оствари средба со шефот на руската федерација.

И додека шефот на државата патува, во земјава се прават напори за состав на нова влада.

Слично

Поврзани вести