Додека се крчка новата Влада, летаат вработувања во државни институции
Изборите завршија, Влада нема, ама огласи за работа во администрација и државни претпријатија колку сакаш.
И додека партиите се натегаат околу новиот Владин кабинет или нови избори, во изминативе недели беа распишани неколку огласи за вработување.
Македонски шуми објави оглас за над двесте работни места. Од ова јавно претпријатие бараат сечачи и дотурачи, а објавениот оглас е за итни и неодложени работи од сезонски карактер.
Неодамна Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република објави
оглас за вработување на работници поради привремено зголемен обем на работа во Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија.
Јавниот оглас е за ангажирање на 9 лица на определено време, додека трае
потребата на институцијата, a најдолго 1 година. Работните позиции можете да ги погледнете овде.
Нови работни места се отворени и во Агенцијата за храна и ветеринарство. Во оваа институција се објавува оглас за пополнување на работно место раководител на Одделение за финансиски прашања, еден извршител, за период од една година.
Огласи за нови вработувања имаше и во и акционерското друштво Водостопанство на Република Македонија,ЈП за државни патишта и други.
