ДОДЕКА СДСМ СЕ МИСЛИ ЗА ИЗБОРИ: ВМРО ДПМНЕ денес ќе испорача барање за оставка на Заев
Распуштање на Парламентот, техничка влада и оставка на претседателот на Владата Зоран Заев. Ова се трите барања кои денеска опозициската ВМРО ДПМНЕ ќе ги испорача до Собранието.
СДСМ засега уште размислува дали да ја прифати фрлената ракавица од Мицкоски и заедно со претседателските да се оди и на предвремени парламентарни избори.
Двете најголеми партии продолжуваат да се обвинуваат за ситуацијата во државата.
Мицкоски смета дека време за реформи има додека пак од СДСМ сметаат дека кога и да има избори тие ќе ја однесат победата.
Слично
