Економија, финансии, бизнис

Контакт

Додека почнат да прскаат комарците не испокасаа

Додека почнат да прскаат комарците не испокасаа

Вистинска инвазија во главниот град, но и во вантрешноста се случува поради аерозапрашувањето кое сезонава доцни .

Токму тоа го зголеми револтот кај граѓаните кои секојдневно со поплаки до нашиот медиум се жалат од убодите на комарците кои доведуваат до отоци а според изјавите на дел од кожните лекари во Скопје бројот на граѓани кои побарале помош бележи раст.

„Не можеме навечер да излеземе на прошетка ниту во парк ниту пак покрај кеј. Децата се испокасани од комарците кои годинава како за инает ги има во се поголем број“б-се жалат граѓанки.

„Ниту кремите ниту спрејови против комарците не помагаат. Премногу комарци напаѓаат и додека надлежните да почнат да праскаат комарците не парчосаа“, вели пак Маја Становска од скопски Аеродром.

Првото прскање против комарците град Скопје го најави за викендов, односно за сабота и недела. Доколку пак утре заврне аерозапрашувањето пак ќе се одложи. Барем така најавија од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов.

Оправдувањето на градот е дека прскањето доцнело од процедурални причини и поради спроведување на јавна набавка а од друга страна објаснувањата на доктори од институтот за јавно здравје се дека аерозапрашувањето требало да се случи уште во март. Тогаш комарците се ларви додека во овој период тие веќе прераснале во „авиони боинг“.

Слично

Поврзани вести