ДОДЕКА НЕ ГО ПРОМЕНИ НАЗИВОТ НА ФУНКЦИЈАТА: Службен весник нема да му објавува укази на Ѓорге Иванов
Службениот весник повеќе нема да објавува уредби и одлуки на шефот на државата Ѓорге Иванов, бидејќи не го променил називот на функцијата која ја извршува од претседател на Република Македонија во претседател на Република Северна Македонија.
Владата, министерствата, владините агенции веќе се регистрирани во Централниот регистар со новите имиња кои владата ги објави во вторникот поради уставните промени.
Во Службениот весник минатата недела се обајвени декрети на Иванов за промоција, унапредување и распоредување на нови претставници во странство.
Foto: EPA
Слично
