Економија, финансии, бизнис

Контакт

Додека луѓето се веселеа, разбојници „оперираа“ на Новогодишната ноќ

Додека луѓето се веселеа, разбојници „оперираа“ на Новогодишната ноќ

Намален е криминалитетот за време на прославата на изминатава Новогодишна ноќ, ама и употребата на пиротехнички средства. 

Ова го кажа министерот Оливер Спасовски денеска при посетата на СВР Скопје.

Сепак новогодишната ноќ за некој завршила со разочарување. Разбојниците го искористија славењето на најлудата ноќ во годината и се пуштиле во „операција“.

Полицискиот билтен регистрирал разбојништво при во 03,15 часот во Единицата за информации и команда-Скопје, Е.Т. (1991) од Скопје. 

Имено, Е.Т. (1991) од Скопје  пријавила дека  истиот  ден околу 01,30 часот, на ул.„23 Октомври“ пред влезот од зграда бр.20, од страна на непознат  сторител и  било  извршено разбојништво , при што и бил одземен ранец во кој имало паричник со лични документи (лична карта, возачка дозвола, возачка книшка, трансакциска картичка и штедна книшка од банка во која имала 2000 денари, мобилен телефон „Ајфон 6-Ѕ“,по што  сторителот   напуштил лице место. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Во 02,05 часот во единицата за информации и команда-Скопје , пријавено е дека истиот ден во 00,30 часот во Скопје на ул.„Владимир Полежановски“ во 

угостителски објект, непознат сторител извршил разбојништво над Г.Ј. (1991) од Кавадарци на тој начин што физички го нападнал удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на телото, му го одзел мобилниот телефон „Самсунг“ и го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Во полициската станица Бит пазар е прокавено дека ноќеска непознати сторител  извршил тешка кражба во нејзиниот стан.

Имено, разбојникот насилно  делувал на влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел: 7 рачни часовници (машки и женски), златна алка и пиштол „Црвена Застава 99“, со 2 рамки по 10 куршуми, кој со дозвола го поседувал нејзиниот сопруг А.С. (1968). Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Тоа се случувало во времето од 20,30 до 02,00 часот.

МВР за новогодишната ноќ поднела девет кривични и осум прекршочни пријави.

Слично

Поврзани вести