Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДОДЕКА ЈАС СУМ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА, ГАРАНТИРАМ ПОДЕДНАКОВ РАЗВОЈ НА СЕКОЈ МЕТАР КВАДРАТЕН“: Мицкоски вели секаде исто се инвестира

„ДОДЕКА ЈАС СУМ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА, ГАРАНТИРАМ ПОДЕДНАКОВ РАЗВОЈ НА СЕКОЈ МЕТАР КВАДРАТЕН“: Мицкоски вели секаде исто се инвестира

Премиерот Христијан Мицкоски од Желино каде беше завршена изградбата на пат, им се заблагодари на сите што ја подржуваат владата и проектите. 

- Да му се заблагодарам на министерот, на членовите во Владата, на пратениците во македонското Собрание за поддршката којашто ја даваат за оваа програма на Владата којашто подразбира реалоцирање средства од централниот буџет и фокусирање на реални проекти за граѓаните. Еден од тие проекти е овој на којшто денес ние стоиме, министерот кажа дека во вториот повик имаме повеќе од 2.5 милиони евра, проекти што ќе бидат финансирани за Општина Желино, а во првиот повик некаде над 800.000 евра, тоа е вкупно околу 3.3, 3.4 милиони евра директно од буџетот коишто ќе бидат финансирани за Општина Желино проекти.

Јас само можам да посакам уште повеќе вакви проекти бидејќи ова се реалните потреби на граѓаните, ова се потребите на македонската економија, се разбира компаниите што ова го градат и наша задача како Влада е да обезбедиме подеднакви правилни услови за развој на сите деловите од целата територија на државата, без разлика дали таму живеат Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци или останати.

Нема делба, секаде подеднакво се развиваме и секаде подеднакво ќе инвестираме, додека јас сум претседател на Владата гарантирам подеднаков развој на секој метар квадратен територија на Македонија.


Слично

Поврзани вести