ДОДЕКА ГРАДОТ ТОНЕ ВО СМЕТ: Глушец касна 10-годишно дете среде игралиште во Капиштец
Невидена сцена се случила на детско игралиште во скопската населба Капиштец, каде 10-годишно дете било каснато од глушец додека си играло со други деца, објави телевизија Сител.
Инцидентот, кој резултирал со раскрвавена рака кај детето, доаѓа во време кога Скопје се соочува со огромна криза со ѓубрето, а јавното претпријатие „Комунална хигиена“ е под истрага.
Според извештајот, детето било каснато од глодарот среде игралиште.
Во отсуство на редовни услуги од „Комунална хигиена“, градоначалниците на дел од скопските општини веќе почнаа да организираат акции за чистење со сопствена механизација, обидувајќи се барем делумно да ја санираат состојбата.
Слично
