ДОДЕКА ГО СЛАВИМЕ ДЕНОТ НА АРМИЈАТА, ДЕЛ ОД ПРИПАДНИЦИТЕ НА АРМ СЕ БОРАТ СО ПОЖАРИТЕ: Силјановска Давкова во Охрид на централната свеченост
Македонската држава не е ниту подарена, туку е извојувана и
стекната со тешка и праведна народноослободителна војна...Вие, војниците и
офицерите, питомците и ветераните на Армијата сте вистинските чувари на
наследството, слободната македонска држава која пред 80 години на АСНОМ ни ја
оставија нашите храбри претци. Тоа го истакна претседателката и врховна
командантка на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето пред
присутните на централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на
Република Северна Македонија што денеска се одржа во Охрид.
Денешниот празник е потсетување дека никој нас не не ослободувал туку сами се ослободивме. Македонската држава не е ниту подарена, туку е извојувана и стекната со тешка и праведна народноослободителна војна...Вие, војниците и офицерите, питомците и ветераните на Армијата сте вистинските чувари на наследството, слободната македонска држава која пред 80 години на АСНОМ ни ја оставија нашите храбри претци.
Тоа го истакна претседателката и врховна командантка на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето пред присутните на централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија што денеска се одржа во Охрид.
- Сите сте поврзани и
обврзани со свечената заклетва дека ќе ги браните слободата, суверенитетот и
територијалниот интегритет на државата. Насушна и непресушна потреба и чест е
дисциплинирано, чесно и совесно како и досега да ги извршувате воените
должности. Тоа го правите постојано и беспрекорно...најмногу со безрезервната
поддршка и помош што им ја давате на македонските граѓани и институциите во справувањето со
елементарните непогоди какви што беа пожарите летово. Вие сте важен мировен
гарант и потенцијал во овие тешко времиња на голема неизвесност, рече меѓу другото таа.
Претседателката посочи дека најважно од се е што покрај активното меѓународното присуство, припадниците на Армијата се тука, дома, секогаш и секаде каде е најпотребно.
- Додека го прославуваме овој празник, дел од припадниците на Армијата се борат со огнените стихии ширум државата. Во овој миг помагаат во гаснењето, заштитата на граѓаните и добрата...Години наназад редовно се ангажираше во поддршката на институциите во справувањето со елементарните непогоди и со кризните состојби. Секогаш тоа го правеше професионално и пожртвувано, затоа Армијата континуирано ужива највисока доверба кај македонските граѓаните, истакна таа, искористувајќи ја можноста да укаже на потребата од спроведување реформи на системот за заштита и спасување и управување со кризи, да се детектираат и корегираат институционалните и професионалните недоследности, како и да се креира логичен и ефикасен систем за справување со кризи.
