Додека бил во затвор злоупотребил туѓи податоци за да подигне брз кредит
Затвореник преку Фејсбук злоупотребил туѓи податоци за да подигне кредит.
Охриѓанец кој издржувал казна во штипскиот затвор, преку Фејсбук измамил сограѓанин, а потоа злоупотребил лични податоци за да земе брз кредит. Во периодот февруари-април годинава, преку лажен профил на социјалната мрежа тој стапил во контакт со сограѓанинот и го довел во заблуда за да му обезбеди лични документи од трето лице.
„Тој остварил контакт со Г.П. од Охрид и доведувајќи го во заблуда, го убедил да обезбеди валидни лични податоци и документи од трето лице, кои подоцна ги злоупотребил за подигнување кредит од финансиско друштво кое се занимава со издавање брзи кредити“, велат од СВР Охрид.Против осомничениот полицијата поднела кривична за две дела: измама и злоупотреба на лични податоци.
Слично
