Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доцни стартот на Ветерниот парк кај Богданци?!

Доцни стартот на Ветерниот парк кај Богданци?!

Од компанијата оптимистички најавуваат дека 16-те ветерници од Богданци ќе продуцираат струја доволна да се снабдат околу 15.000 домаќинства или вкупно 60.000 граѓани, односно минимално годишно производство од 100 гигават/часови од ветерна енергија. Ова е околу  2% од моменталното годишно производство на струја.

Стартот на производството на електрична енергија од првиот државен ветерен парк сега добива нови рокови. Наместо од крајот на 2013 година, како што последно најави инвестоторот, Државните Електрани, сега оттаму најавуваат дека ветерниците треба да се вклучат на електро-енергетскиот систем во март годинава.

“Монтажата на ветерниците е во тек. До сега целосно се монтирани пет ветерници, а во моментов се монтира шестата турбина. Според динамиката на терен, а и во зависност од временските услови, се очекува комплетната монтажа на сите 16 ветерници да заврши до крајот на март по што ветерниот парк Богданци ќе биде вклучен во електронергетскиот систем на Република Македонија“, велат за Фактор од ЕЛЕМ.

Конзорциумот од Siemens Wind од  Данска и Siemens AS од Грција му ги испорачаа на ЕЛЕМ турбините на ветер за Паркот на ветерни електрани кои се поставуваат на локацијата Ранавец, кај Богданци. “Турбините се меѓу најдобрите во својата класа. Инсталираната моќност на секоја од нив е 2,3 мегавати, висината на столбот изнесува 84 метри, а дијаметарот на елисата изнесува 93 метри. Монтажата на овие ветерници ќе обезбеди  вкупна инсталирана моќност од 36,8 мегавати, со што се заокружува првата фаза во изградбата на овој визионерски енергетски објект“, додаваат од ЕЛЕМ за Фактор.

Дел од парите за реализација на Првиот ветерен парк „Богданци“  се обезбедени преку кредит од германската КфВ банка, потпишан во април 2012 година. За проектот чијашто проценета вредност е 55,5 милиони евра, заемот КФВ Банка е во износ од речиси 48 милиони евра, додека 7,6 милиони евра треба да ги обезбеди ЕЛЕМ од сопствени средства.

Од компанијата оптимистички најавуваат дека ветерниот парк во Богданци ќе продуцира струја доволна да се снабдат околу 15.000 домаќинства или вкупно 60.000 граѓани, односно минимално годишно производство од 100 гигават/часови од ветерна енергија или приближно 2% од моменталното годишно производство.

Данско-грчкиот конзорциум е должен да ја испорача, транспортира и монтира опремата, да ја  пушти во употреба и да се грижи за одржувањето на ветерниот парк.

Инсталираната моќност на секоја од турбините е 2,3 мегавати, висината на столбовите 84 метри, а дијаметарот на елисата треба да биде 93 метри.

К.П.

На почетокот на ноември минатата година на граничниот премин Богородица пристигнаа ветерниците од ветерниот парк Богданци.

Километарски конвој од околу 10 камиони натоварени со над 330 тони од Солунското пристаниште се упати кон Богданци. Во специфичниот транспорт само возилото кое ја пренесуваше гондолата каде е сместен генераторот тежеше 85 тони.

Слично

Поврзани вести