Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доброволци со огромни напори спречија да се запали Трескавец

Доброволци со огромни напори спречија да се запали Трескавец

Напорите на голем број на доброволци кои се впуштија во акција за гасење на пожарот околу манастирот Трескавец во Прилеп вродија со плод и огнената стихија е ставена под контрола, па барем засега е избегната поголема опасност. 

Затоа Општина Прилеп, Советот при општината, Кризниот штаб и Територијалната противпожарна единица Прилеп, упатуваат огромна благодарност до сите граѓани добронамерници, кои во изминатите денови несебично се приклучија во гаснењето на силниот пожар кај манастирот Трескавец, и го спасија вековното светилиште на градот од повторно опожарување.

Пожарот околу манастирот избувна во средата, а веќе вечерта опасно се закануваше и се ширеше кон манастирот, кој е изграден во 14 век, а на неколку наврати целосно изгорел. 

Постојат сомнежи дека пожарот зад себе остави голем пустош е подметнат па се бара од надлежните служби да го пронајдат сторителот.


Слично

Поврзани вести