Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОБРОВОЛЦИ – ХЕРОИ ГО СПАСИЈА МАНАСТИРОТ „СВЕТИ ЃОРЃИЈА“: А мештаните и битолските пожарникари извојуваа битка за селото Паралово

ДОБРОВОЛЦИ – ХЕРОИ ГО СПАСИЈА МАНАСТИРОТ „СВЕТИ ЃОРЃИЈА“: А мештаните и битолските пожарникари извојуваа битка за селото Паралово

Доброволци од ДПД Архангел извојуваа битка со огнената стихија во општина Новаци и успејаа да го спасат светиот храм, манастирот Св. Ѓорѓија во селото Паралово каде што почива славниот македонски комита Ѓорѓи Сугаре.

Убавата вест ја објави Игор Трајковски на својот Фејсбук профил кој напиша детални информации кои луѓе учествувале во херојските активности и како е изгаснат пожарот.

„Манастирот Св. ЃОРЃИЈА ПАРАЛОВО е спасен со појас од багер од РЕК управуван од Пеце Јанкуловски и контра оган под водтство на Ченто, Роберто Мапек и Александар и останатите ние од ДПД АРХАНГЕЛ. Роберт Христовски и Кире по потекло од с.д.Ореово

Селото ПАРАЛОВО е спасено од Пожарникарите на станицата ТППЕ Битола од Битола мештаните фам. Угревски, фам. Митровски фам.Гелевски,фам Миленковски и останатите да не ми замерат ако не ги спомнав.

СЛАВА НА БОГА ЗА ВЕТЕРОТ КОЈ ПРАТЕШЕ НА ВИСТИНСКИ ПРАВЕЦ ПО МОЛИТВИТЕ НА МАЈКАТА БОЖЈА, СВ. ЃОРГИЈА И СИТЕ КОИ СЕ МОЛЕВТЕ И БЕВТЕ СО НАС ВО МИСЛИТЕ“, напиша Трајковски.


Слично

Поврзани вести