„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“
- Добро бре говеда едни, прво лепевте доктори на тема апчиња за слабеење, сега стасав и јас на ред! - со овие зборови го започна својот пост Миа Костова, која очигледно како и неколку доктори од земјава и соседството е жртва на измамници.
Костова во својата објава на Фејсбук посочува дека интервјуто со неа е комплетно измислено.
- Во живот не сум дала вакви изјави, во живот немам користено апчиња за слабеење, во живот не би кажала вакво нешто ниту би била дел од вакви кампањи!
Ако некој има инфо како да стасам до оној кој стои зад ова сра*е кое личи и како некој чуден превод преку гугл транслејт уште во наслов, ве молам информирајте ме!
Ова не е моја изјава! Во ниту еден дел! Не наседнувајте! - пишува Миа.
Еве ја нејзината објава:
Нејзината објава предизвика лавина од коментари и реакции:
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Слично
