Добрила Кацарска доби полициска заштита?
Полициски специјалци 24 часа ја чуваат судијката Добрила Кацарска. Извори од Кривичен велат дека покрај заштитата која судијката ја добива надвор од судот, полицајци будно ја чуваат и нејзината канцеларијa, oбјави ТВ 24.
Неофицијално, обезбедувањето ја следи во секој чекор изминатите неколку дена. Проценката дека на Кацарска е потребна полициска заштита ја донел првиот човек на Кривичен по претходни добиени информации и разговори дека постои страв за животот и безбедноста на судијката. Во телефонски разговор судијката не сакаше да коментира ништо и да каже дали и од кого се плаши и дали побарала обезбедување.
Слично
