„ДОБРАТА ВЕСТ ДОАЃА ОД ГАЛИЧИЦА, КОНЕЧНИОТ УДАР НА ПОЖАРОТ МУ ГО ЗАДАДЕ ДОЖДОТ“: Попладнево се очекува невреме со град
Пожарот на
планината Галичица е изгаснат од обилните дождови кои го зафатија ово регион.
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, попладнево преку видео изјава, соопшти дека е изгаснат пожарот на Галичица. Но, нови пожари избиле на планината Плачковица и во Општина Илинден, додека реактивиран бил пожарот на пробиштипска територија, кај селото Неокази.
Инаку, југозападот, западот, локално југот и истокот од Македонија во моментов зафатен од влажна и нестабилна воздушна маса која на повеќе места дава пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна е појава и на град, локално во форма на невреме, информира Славчо Попоски.
фото: МИА
Слично
