ДОБРА ВЕСТ ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА СПОРТСКА ОПРЕМА - познатиот Decathlon доаѓа во Македонија
Добра вест за љубителите на спортска опрема, за која не сакаат да платат цело богатство, туку преферираат да ја набават по пристојни цени.
Како што објавува порталот SkiMacedonia, добро познатиот трговски ланец меѓу планинарите, велосипедистите, скијачите - францускиот Decathlon влегува на пазарот во Македонија, а подготвките за овој процес се веќе започнати.
Според овој портал, влезот на Decathlon во земјава ќе се реализира преку три фази. Првата фаза вклучува скенирање на пазарот и избор на локации за продавници и таа е веќе започната. Втората фаза ќе биде изградба на објекти. И третата фаза ќе биде отворање на објектот и скенирање на пазарот за проширување на мрежата.
Првично планирано е компанијата да влезе со еден продажен објект лоциран во близина на Скопје, и планирано е најдоцна за три години компанијата да биде присутна на пазарот во Македонија.
Компанијата Decathlon e основата во 1976 година во Франција. Во моментов има 1600 продавници во 69 земји ширум светот, а меѓу нив се оние во соседството, во Србија, Бугарија и Грција. Decathlon во моментов брои повеќе од 100 илјади вработени. Брендот се прослави по висококвалитетна опрема и облека за планинарење, велозипедизам, лови и риболов по популарни цени.
