Добра вест за акционерите: Макпетрол ќе дели дивиденда за минатата година
Макпетрол ќе исплати дивиденда во вкупен бруто износ од 202.758.000 денари или 2.000 денари бруто по акција.
Предлог одлуката за поделба на дивидендата за 2019 година треба да биде донесена на престојната седница на Собранието на Макпетрол АД, која е закажана на 20 јуни годинава.
Последен ден на тргување со право на дивиденда е 17 јули, а прв ден на тргување со право на дивиденда е 20 јули.
Дивидендата ќе биде исплатена на 30 септември 2020 година.
Инаку друшвото во 2019 година оствари добивка во вкупен износ од 878.150.912 денари, а акумулираната добивка изнесува 393.088.984 денари, односно вкупно 1.271.239.896 денари.
Слично
