Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОБРА ВЕСТ: Во Институтот за јавно здравје сите се здрави, продолжуваат со работа

ДОБРА ВЕСТ: Во Институтот за јавно здравје сите се здрави, продолжуваат со работа

Откако дел од медиумите објавија дека наводно, двајца доктори и една медицинска сестра од Институтот за јавно здравје се заболени од КОВИД-19, овие информации се демантирани од Институтот. 

„Во Институтот за јавно здравје ниту еден од вработените не е позитивен. Епидемиолошките екипи и натаму ја извршуваат својата работа како и два месеца. Ова е официјална информација од Институтот за јавно здравје од директорот на институцијата Шабан Мемети и јавноста треба да бид информирана“, се наведува во соопштението.

Од Институтот посочуваат дека официјалните информации за состојба се објавуваат на интернет страницата на институцијата и на страницата на Министерство за здравство. 

Ова е добра вест од Институтот, бидејќи доколку таму имаше заболени епидемиолози, ќе беше намален капацитетот за испитување на заболените од коронавирусот, што би било многу неповолно во овој период.

Слично

Поврзани вести