Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОБРА ВЕСТ: По два дена откако исчезна, пронајден е младиот Јосиф

ДОБРА ВЕСТ: По два дена откако исчезна, пронајден е младиот Јосиф

Младиот Јосиф Попов е пронајден. Ова тукушто го објави неговата сестра на социјалната мрежа Твитер. 

„Јосиф е најден. Thanks на сите што споделивте!!“, пишува на Твитер неговата сестра.

Таа се заблагодарува на сите добри луѓе кои помогнале да биде пронајден. 


Претходно, тој беше исчезнат два дена. Неговите најблиски покренаа акција по социјалните мрежи со цел да се олесни потрагата по него.

Инаку, Јосиф живее во населбата Драчево, а според информациите, последен пат е виден на патот кон гимназијата „Јосип Броз-Тито“, каде требало да посетува настава. 

Поголем број објави има на социјалните мрежи, а кои се поврзани со неговото исчезнување.

Во нив главно се наведува дека тој неодамна е забележан во реонот на Универзална сала, а бил снимен и од безбедносните камери на пекарницата „Силбо“.

„Ова е Јосиф Попов. Вчера во 11 наутро му се губи траг за вечерва да го забележат во „Силбо“ околу 20.00 часст, со човек по име Ангел Блажески, кој наводно е вратен од Канада. Со истиот тој се во контакт веќе извесен период, забележувани се во Влае, околу Сити мол, на плочник, Дебар Маало. Наводно човекот е бездомник и живее во некаква си колиба, по кажувањата на Јосиф, која се претпоставува дека е во реонот на Сити мол“, на Фејсбук објави Ивана Балабан.

Според информациите за тоа како изгледа момчето, тој бил облечен во светломалсинеста јакна, темни панталони и црни високи чевли.

„Јосиф не е вратен дома два дена. Последно го виделе денес пред Силбо околу 20.00 часот со човек со руса коса“, објавил пријател на момчето на социјалната мрежа фејсбук.

Слично

Поврзани вести