ДОБРА ВЕСТ ОД МВР - полицајците го пронајдоа детенцето од Карпош што се изгуби
Синоќа околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое вчера околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
„Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презедоа сите неопходни мерки и активности и детето е пронајдено во добра здравствена состојба и е предадено на родителот“, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.
Слично
