ДОБРА ВЕСТ – 10 ПАЦИЕНТИ ЌЕ БИДАТ ИСПИШАНИ, НЕКОЛКУМИНА СЕ КРИТИЧНИ ВО СТРАНСКИТЕ БОЛНИЦИ: Таравари ја кажа состојбата на повредените
Министерот за
здравство Арбен Таравари утринава соопшти дека во болниците во Македонија и во
странство се лекуваат вкупно162 пациенти и сите се во стабилна состојба.
Информираше дека во текот на денот 10-мина кои беа хоспитализирани кај нас ќе
бидат испишани, а претходно ќе им бидат направени сите токсиколошки анализи.
Од 115-те пациенти кои се згрижени во странските болници, неколкумина се во критична состојба.
-Во Грција има 12, од кои двајца се критични, во Турција има 12, оние 6-мина кои се на лекување во Анкара се екстубирани, но еден е во многу сериозна состојба во Истанбул. Во Унгарија еден е фебрилен, односно со температура, и еден со кашлица, а таму се вкупно 6. Во Словенија од 4 пациенти, тројца се во посериозна состојба. Во Италија има 4 пациенти, тие се веќе на нога и ќе се размислува за протоколите за нивно враќање следната недела. Во наредниот период можни се инфекции кај некои пациенти, но ќе бидеме посебно внимателни за да нрма компликации, изјави министерот за здравство на денешната прва прес-конференција по состанокот на кризниот штаб.
Во однос на трошоците за лекување, министерот истакна дека лекувањето е бесплатно и нема потреба да се собираат средства. Од страна на Владата е обезбедено за двајца родители или членови на семејство да патуваат и да се сместат во сите држави каде што има хоспитализирани пациенти.
А. Б.
