Економија, финансии, бизнис

Контакт

Добивте отказ, како до нова работа?

Добивте отказ, како до нова работа?

Губењето на работата може да ви ја намали самодовербата, но не треба да ве обесхрабри во потрагата по нова работа.

Имајте в предвид дека барањето на работа може да потрае подолго од што сте очекувале и немојте да бидете очајни поради тоа.  Бидете подготвени за порази, затоа што барањето работа може да биде и исцрпувачко.

Прво треба да ги анализирате причините зошто сте добиле отказ, и ако вината е ваша да се коригирате во иднина. Истите грешки да не ги правите на новото работно место.

Работните огласи на интернет се одличен почеток за барање на работа, но тоа е само еден од начините. Најголемиот дел од времето треба да го искористите да направите нови контакти кои се многу важни за понатаму.

Направете кратка биографија, а ако веќе ја имате,  коригирајте ја за секоја работа за која ќе конкурирате. Ако припаѓате на постарата генерација, изоставете ја информацијата кога сте дипломирале, а со податоците опфатете го периодот од последните петнаесет години затоа што на некои работни места  годините се гледаат при вработување.

Слично

Поврзани вести