Економија, финансии, бизнис

Контакт

Добивката на Стопанска банка Битола ќе оди во покривање на загубите од претходната година

Добивката на Стопанска банка Битола ќе оди во покривање на загубите од претходната година
Ваквата одлука акционерите на Стопанска банка Битола ја донесоа на вчерашното Годишно акционерско собрание кое се одржа во Битола. Акционерите исто така потврдија дека Банката ја заврши 2013 година со остварена нето добивка во износ од 21,70 милони денари што споредено со истиот период од минатата година кога банката регистрираше загуба од 146,158 милиони денари претставува значително подобрување на финансискиот резултат. Активностите на Банката за подобрување на квалитетот на кредитното портфолио и наплата на побарувањата придонесоа за ослободување на исправка на вредноста на финансиските средства на нето основа во износ од 227,34 милиони денари што е одраз на активностите на банката за наплата на претходно оштетените побарувања и намалување на нефункционалните кредити. Зголемениот обем на кредитни работи и работи во платниот промет, како и доброто управување со трошоците, позитивно се одразија врз нето приходите од провизии и надоместоци така што истите се зголемени за 88,97% споредно со претходната година. Во текот на разгледуваниот период Банката оствари приходи по основ на дивиденди и капитални добивки од продажба на дел од превземениот имот што придонесе за зголемување од 58,34% на останатите приходи од дејноста. На Собранието беа усвоени финансиските извештаи, како и Годишната сметка на Банката на Банката за 2013 година, Програмата на мерки и активности на деловната политика и финансискиот план на Банката за 2014 година. Во контекст на подобрувањето на финансиските резултати банката во 2014-та, ќе продолжи со преземање на соодветни мерки и активности за наплата на нефункционалните кредити и продажба на превземениот имот како и контрола на трошоците со цел понатамошно подобрување на финансискиот резултат. Курсот на банката и понатаму ќе биде насочен кон одржување на  трендот на раст на нето приходите од камати и провизии со што би се создале услови за дополнително подобрување на финансискиот резултат.
Слично

Поврзани вести