Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОБИЛЕ ТЕЛЕФОНСКА ПРИЈАВА ЗА СИЛУВАЊЕ И НЕ ПРЕЗЕМАЛЕ МЕРКИ: Кривични пријави за социјални работници од Македонски Брод

ДОБИЛЕ ТЕЛЕФОНСКА ПРИЈАВА ЗА СИЛУВАЊЕ И НЕ ПРЕЗЕМАЛЕ МЕРКИ: Кривични пријави за социјални работници од Македонски Брод

Кривична пријава е поднесена за социјалните работници од Македонски Брод кои не пријавиле силување. Против нив е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кичево за кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“.

Пријавите се за  Р.С. (38), директор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Македонски Брод и К.В. (44), социјален работник во истата институција.

Тие и покрај тоа што биле известени по телефон, молчеле и не презеле ништо за силување на дете, кое било во згрижувачко семејство. На 7 март годинава тие добиле телефонска пријава за полов напад и силување врз дете сместено во згрижувачко семејство. И покрај тоа, двајцата не презеле никакви службени дејствија ниту, како што е законска обврска, го пријавиле делото.

„Свесно пропуштиле да пријават кривично дело за кое дознале при вршење на службената должност“, информира полицијата. 

Против 64-годишниот Б.С. од Македонски Брод е поднесена кривична пријава под сомнение дека извршил силување врз малолетно девојче. Судија на претходна постапка му изрече 30-дневен притвор, а осомничениот е спроведен во Затвор Битола.

Слично

Поврзани вести