Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОБИЛЕ ГАРАНЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТА: ЕВН влегува во Слупчане

ДОБИЛЕ ГАРАНЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТА: ЕВН влегува во Слупчане

ЕВН влегува во Слупчане, откако добиле гаранции за безбедноста од политички партии и општината.

Екипите на Електродистрибуција ќе започнат со реализација на проектот за реконструкција на мрежата во Слупчане. Постигнат е договор со мештаните на Слупчане.

Наредната недела во организација на министерот за економија, Крешник Бектеши и градоначалникот на Липково, Еркан Арифи ќе се одржи состанок во општина Липково на кој ќе се договорат сите детали за организацијата и реализација на проектот и со работа на терен ќе се започне од 9-ти август.

Министерот за економија Кршеник Бектеши ги повикува сите граѓани во државата редовно да си ги подмируваат обврските кои ги имаат кон енергетските компании, несогласувајќи се со барањето на ѓителите од Слупчане најмногу до 3.000 денари да изнесуваат сметките за потрошена електрична енергија.

Жителите на Слупчане не им дозволија ниту вчера на екипите на ЕВН да ја реконструираат мрежата во селото, иако дојдоа со потребната механизација, а подоцна дојде и полицијата. Во документ на жителите на Слупчане, испратен преку Општина Липково, до ЕВН има барања од 14 точки.

Слично

Поврзани вести