Економија, финансии, бизнис

Контакт

Добила работа во 9-от месец од бременоста

Добила работа во 9-от месец од бременоста

Италијанка на возраст од 36 години во текот на 9-от месец од бременоста добила работа на неопределено време и за нејзиниот работодавач, италијанските медиуми пишуваат дека е херој. 

Тој порачува „Мајчинството не е казна“. 

Мартина е изненадена и вели дека ѝ е драго што некој верува во нејзините професионални способности. 

Таа за десетина дена ќе стана мајка по втор пат, а за пет месеци ќе почне да работи. 

„Имам пријателки кои на интервју за работа мораа да кажат дека не се во врска, дека немаат сопруг, не планираат деца“ - вели таа. 

Самуеле Шиавоне, нејзиниот работодавач во фирма за дизајн раскажува дека ова е нормално за нив, ја одбрале затоа што има искуство и му е чудно што медиумите го нарекуваат херој. 

Шиавоне објаснува дека имал разбирање за оваа ситуација, затоа што неговата сопруга кога била трудна добила отказ. 

И италијанскиот премиер, Матео Ренци на Фејсбук му се заблагодари, а на Мартина ѝ посака среќна работа. 

Слично

Поврзани вести