Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доби шанса за лекување на рачето: За Михаил се собрани доволно пари

Доби шанса за лекување на рачето: За Михаил се собрани доволно пари

За помалку од еден недела се собраа средствата потребни за лекување на Михаил Ристовски од Тетово, чии родители побараа помош од јавноста. При раѓањето на Михаил пред една година и девет месеци му е повредена раката и не му е функционална, а средства се потребни за лекување со методата на акупунктура во Белград. Сега веќе нема потреба од донации, објави Тетово инфо. 

„Благодарност до добрите луѓе преку кои успеавме да ги собереме паричните средства кои ни беа потребни за лекување на Михаил. Веќе не е потребно да се собираат средства. Воедно сме благодарни и на белградската поликлиника „Виталис“ кои на нивна иницијатива ни донираше 10 дневна акупунктурна терапија која ќе биде бесплатна, изјави Благородна. 

Мирослав и Благородна освен Михаил имаат уште две деца.

Слично

Поврзани вести