Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОБИ КРИВИЧНА: Девојка од Порој ширела лажни вести

ДОБИ КРИВИЧНА: Девојка од Порој ширела лажни вести

Девојка од тетовско добила кривична бидејќи на Фејсбук ширела лажни вести за Ковид 19. 

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против Х.Е.(40) во с.Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи завреме на епидемија”.

На 23.03.2020 од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност, е регистрирана објава на социјалната мрежа Фејсбук со невистинита содржина во врска со ситуацијата со епидемијата во Р.С.Македонија и, по направена проверка, е потврдено дека станува збор за профил на пријавената.

Претходно, девојка од Кочани на социјалните мрежи лажела дека е заразена, за што доби пријава.

Слично

Поврзани вести