Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОБИ 30 ДЕНА ПРИТВОР: Драги Рашковски заминува во Шутка

ДОБИ 30 ДЕНА ПРИТВОР: Драги Рашковски заминува во Шутка

30 дена притвор му се одредени на екс генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски кој претходно доби куќен притвор, а обвинителството тогаш најави жалба. 

Рашовски заминува во притвор во Шутка. Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција ја прифати денеска жалбата на Јавниот обвинител и го преиначи решението на судијата на претходна постапка кој му определи куќен притвор. 30-дневен притвор доби и на управителот на фирмата Инвока, за случајот со спорната набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци.

Обвинителството истрагата ја отвори во четвртокот, а во петокот Рашковски и Даниел Станчев беа изведени пред судија на претходна постапка. 

Во истрагата се осомничени уште две лица, меѓу кои е и хонорарец во Владата, на чија фирма се води џипот за кој објавивме дека го води Рашковски. Хонорарецот Игор Христов и уште другото осомничено лице, пак, добија мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавуваат во судот, одземање на пасошите и други патни исправи и забрана за издавање на нови, како и забрана за преземање работни обврски поврзани со кривичното дело.

Слично

Поврзани вести