Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОБАР СУМ ЕМКЕ, НЕ ГРИЖИ СЕ, БРЗО ЌЕ ДОЈДАМ ДОМА: Последниот разговор на д-р Нешковски со неговата сопруга, пред кобната несреќа

ДОБАР СУМ ЕМКЕ, НЕ ГРИЖИ СЕ, БРЗО ЌЕ ДОЈДАМ ДОМА: Последниот разговор на д-р Нешковски со неговата сопруга, пред кобната несреќа

Поминаа седум месеци, откако познатиот млад пулмолог д-р Трајче Нешковски прерано го загуби животот во сообраќајна несреќа на улицата „Франклин Рузвелт“ поради инфаркт, а неговата сопруга, Ема Нешковска и сега со силни емоции зборува колку и недостига и колку животот и е празен без него. Во разговор за Женски магазин таа говори каков беше Трајче кога ќе го соблечеше мантилот, во домашна атмосфера како сопруг и татко. Истовремено, Ема се сеќава и на нивниот последен разговор кој го воделе на само пет минути пред Трајче трагично да го заврши неговиот живот.

- Трајче беше секогаш достапен, многу грижлив и многу, многу внимателен. По завршувањето на работното време и соблекувањето на белиот мантил, Трајче продолжуваше да биде доктор, секогаш, ама буквално секогаш достапен за секого и во било кое време. Беше многу чувствителен и секогаш се трудеше да направи баланс и добра атмосфера. Неговите обврски да се завршени, а притоа јас и Јована да не се почувствуваме запоставени. Беше многу принципиелен и голем работник. Дури и добар дел од моментите одбрани за одмор тој знаеше да ги потроши работејќи, слушајќи се со пациенти, делејќи разни совети и решавајќи милион проблеми. Беше чивек што знае да ужива и да го живее животот, исполнет до неисцрпна енергија и авантуристички дух. И покрај неговата преголема посветеност и љубов спрема професијата, а и желбата да биде секогаш достапен за секого, Трајче знаеше да сака бескрајно и тоа да се чувствува насекаде. Често знаеше да рече, "колку и да сум уморен, кога ќе дојдам дома и ќе ве видам Вас, моите две принцези, веќе ништо не ми е тешко". Трајче беше еден посебен, редок тип на човек каков што ретко се среќава, а можеби и да го нема. Беше прекрсен сопруг и одличен татко, кој беше спремен на се само за наше добро. 

Добар сум Емке, добар сум. Не се грижи, за кратко ќе дојдам дома. Добар сум.

-Ние постојано бевме во комуникација, кажувајќи си ги сите работи што ни се случуваа во моментот, како да ќе нема после. Така и тој кобен ден, се слушнавме околу 5-10 минути пред да се случи несреќата. Тоа беше по завршување на работното време, а Трајче беше тргнат да се сретне со еден од најдобрите пријатели, за да му даде подарок за Јована, која неколку дена пред тоа наполни две години. Беше многу уморен од постојаната работа во ковид центрите и изминатите дежурства, но не се предаваше и секогаш било која состојба или симптом го препишуваше на замор. Тој ден, ми кажа дека чувствува некоја нелагодност и болка, но пак истото го препиша на заморот што навистина го имаше и беше голем. И во последниот разговор, 5-10 минути пред несреќата, неколку пати ми повтори "Добар сум Емке, добар сум. Не се грижи, за кратко ќе дојдам дома. Добар сум."

Целиот разговор на Женски магазин

Слично

Поврзани вести