Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОАЃААТ ЛЕТНИ СЕПТЕМВРИСКИ ДЕНОВИ: Еве што прогнозираат метеоролозите

ДОАЃААТ ЛЕТНИ СЕПТЕМВРИСКИ ДЕНОВИ: Еве што прогнозираат метеоролозите

Метеорологот Славчо Попоски излезе со најнова метео анализа на времето во претстојниот период.

„ Иако ветровито, сепак во следните денови ќе биде значително потопло преку ден, особено од петок па за време на викендот кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, што значи дека пред нас се пријатно топли летни септемвриски денови.

До четврток ќе има повеќе облачност, но и сончеви периоди и услови за повремен локален дожд и ретки грмежи, претежно во јужните и југозападните предели. Од петок и за време на викендот ќе имаме многу повеќе сончеви периоди, додека брзината на ветерот насекаде значително ќе се намали.

Сепак наутро ќе биде свежо со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 17 степени, а понекаде, особено во Малешевијата температурата ќе се спушти и под 10 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно стабилно и суво со сончеви периоди, но ветровито. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 15 и 18 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 28 степени“, вели Попоски.


Слично

Поврзани вести