Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОАЃААТ ЕСЕНСКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Еве од кога ќе залади

ДОАЃААТ ЕСЕНСКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Еве од кога ќе залади

Метеорологот Владо Спиридонов ја објави временската прогноза до крајот на месецот и објаснува од кога можеме да очекуваме есенски температури.
„По неколку денови со потопли и сончеви услови, на 17 и 18 септември ќе настапи промена – небото ќе биде облачно, температурите ќе се намалат, а ќе дува и посвеж северозападен ветер. Причината за тоа е бранувањето на ладен фронт, кој веќе се чувствува во Виена и се поместува кон југоисточна Европа.

Од 19 септември повторно ќе „победи“ сонцето. Температурите ќе бидат во пораст, а времето стабилно и пријатно – совршено за прошетки и активности на отворено. Овој тренд ќе трае до околу 25 септември.

На 25 септември се очекува нова промена – со врнежи и грмежи, кои ќе ја разбијат летната атмосфера.

 Веќе од 26 септември ќе почнеме да ги чувствуваме првите сигнали на есента – посвежо време, повеќе облаци и постепено менување на карактерот на атмосферата“, објави тој.



Слично

Поврзани вести