Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОАЃА ТУСК: Ќе добие ли Иванов уште еден „шамар“ и порака да го даде мандатот на мнозинството?

ДОАЃА ТУСК: Ќе добие ли Иванов уште еден „шамар“ и порака да го даде мандатот на мнозинството?

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во текот на утрешниот ден ќе допатува во Скопје.

Тој ќе има средба со шефот на државата Ѓорге Иванов а според најавите главна тема на средбата ќе биде мигрантската криза, а фокус ќе се стави и на политичката состојба.

Меѓутоа, не се исклучува можноста Иванов уште еднаш да ја да слушне пораката од Европската унија која досега преку повеќе комесари и функционери му порача да ја преиначи одлуката во однос на мандатот.

Европската заедница досега повеќепати му укажа на Иванов да го почитува Уставот и законите и да го додели мандатот на оние партии кои имаат мнозинство во Собранието, на што првиот човек на земјава возврати со тоа дека нема да се предомисли и дека мандат за влада нема да добие тој што прифаќа платформи на туѓи држави, алудирајќи на опозицијата.

Слично

Поврзани вести