Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОАЃА ШКОЛСКАТА ГОДИНА, КАКВА ПОМОШ ЌЕ ДОБИЈАТ РОДИТЕЛИТЕ? Двајца градоначалници се пофалија со подароци за првачињата

ДОАЃА ШКОЛСКАТА ГОДИНА, КАКВА ПОМОШ ЌЕ ДОБИЈАТ РОДИТЕЛИТЕ? Двајца градоначалници се пофалија со подароци за првачињата

Општина Центар и оваа година, преку општествено одговорни компании, ќе додели околу 600 бесплатни ранчиња и училиштен прибор за сите првачиња запишани во осумте основни училишта во општината. Градоначалникот Горан Герасимовски, во пресрет на новата учебна година, им посакува успешна година и примерно поведение, се наведува во денешното соопштение на Општина Центар.

Герасимовски во писмената изјава посакува и оваа година со насмевки, среќа и желби за успех, да се започне новата учебна година.

- Општина Центар заедно со општествено одговорни компании ќе подарат ранче и училиштен прибор за секое прваче. Знаењето е темелот на државата, затоа од почеток да вложуваме, зборуваме за важноста за стекнување нови знаења и изградиме млади и успешни генерации, нагласува Герасимовски.

Од Општината истакнуваат дека ќе продолжат да се грижат и да вложуваат во обезбедување подобри услови за сите основни училишта да бидат на највисоко ниво и децата да го добиваат најдоброто и најквалитетно образование.

Со помош за родителите на првачињата се пофали и градоначалникот на БУтел, Дарко Костовски.


Слично

Поврзани вести