Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОАЃА ПРВИОТ СНЕГ ЗА ГОДИНАВА ВО МАКЕДОНИЈА: Попоски најавува затоплување, еве кога да го очекуваме

ДОАЃА ПРВИОТ СНЕГ ЗА ГОДИНАВА ВО МАКЕДОНИЈА: Попоски најавува затоплување, еве кога да го очекуваме

Метеорологот Славчо Попоски го најавува првиот снег во земјава.

„Најврнежливо и најстудено со пад на температурите дури за повеќе од 10 степени во споредба со оние температури кои ги имавме до вчера ќе биде денес, кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

За време на овој студен бран, не се исклучува можноста на највисоките планински врвови во Македонија (над 2500 м.н.в) да дојде до првото провејување на по некоја снегулка за оваа сезона, а ќе треба да се вклучи и греењето во домовите.

Од средината на оваа седмица повторно температурите ќе бидат во пораст  и ќе биде потопло.

Да напоменеме дека за време на денешниот поголем влажен бран од запад, најмногу врнежи ќе има во западните предели и локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог.

Инаку на многу планини во целиот регион веќе падна првиот снег“ вели тој.

Слично

Поврзани вести