Доаѓа промена на времето: Денес променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно време со сончеви периоди најавуваат метеоролозите од УХМР. Во планинските подрачја и на крајниот југоисток ќе има услови зa слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурите ќе се движат до максимални 20 степени. Времето утре: Променливо облачно со слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. Времето во следните денови:
Слично
