Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОАЃА ПРЕСВРТ ВО ВРЕМЕНСКАТА ПРОГНОЗА: Очекувајте дожд-еве од кога

ДОАЃА ПРЕСВРТ ВО ВРЕМЕНСКАТА ПРОГНОЗА: Очекувајте дожд-еве од кога

По неколкуте сончеви пролетни денови, од ноќеска нѐ очекува пресврт. УХМР најавува дождови кои се очекуваат во западните делови во текот на ноќта.

Денеска ќе биде облачно со сончеви период но и ветер од јужен правец.

Температурите ќе се движат од 14 до 20 степени.

Претежно облачно со сончеви периоди и максимални 20 степени Целзиусови ќе биде и во Скопје.

Како што најавуваат метеоролозите доаѓа влажен воздушен бран кој ќе донесе дождови, кои на места ќе бидат поинтензивни. Деновиве почнувајќи од утре па се до викендов ќе бидат дожделиви, додека на планините врнежите ќе бидат од снег.

Во однос на температурите не се очекува голем пад, тие ќе се движат од 12 до 20 а на места и над 20 степени.

Слично

Поврзани вести