ДОАЃА ОД ПРИВАТНИОТ СЕКТОР И ИМА БОГАТО ИСКУСТВО - еве која е новата шефица за односи со јавност кај Данела Арсовска
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во својот кабинет доби засилување. Како што дознава весникот ВЕЧЕР, нова шефица за односи со јавност е младата Кристина Депо, која на оваа функција ќе стапи од денеска.
Кристина Депо е експерт за односи со јавност, економски развој, продажба, маркетинг и финансии. Нејзиното докажано работно искуство е во областа на приватниот сектор, медицината, прехранбената индустрија, информатичките технологии и телекомуникации, енергетиката и банкарството.
Депо долги години работеше во Србија, Хрватска и во Русија, а во банкарскиот сектор е позната како долгогодишна директорка на маркетинг и комуникации во Шпаркасе банка и Ерсте групацијата.
Слично
