Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доаѓа невреме во Македонија, поројни дождови, силен ветер и град, предупредува Попоски

Доаѓа невреме во Македонија, поројни дождови, силен ветер и град, предупредува Попоски

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која е поврзана со атмосферски фронт од север со поладен воздух на висина, денес на повеќе места ќе има развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со појава на град. И во делови од Скопскиот регион во погоре споменатиот период ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и со услови за појава на невреме.

Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.

Поради многу нестабилното време апелирам во случај на појава на невреме граѓаните да обратат поголема внимателност, односно во случај на појава на невреме да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат своите автомобили. Тоа значи да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се стари и осамени“, објави тој.


Слично

Поврзани вести